НАТО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ИРАК ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ Советодавната мисија ќе продолжи од Неапол

Мисијата ги советува ирачките безбедносни сили и не е вклучена во борба, целиот персонал безбедно е преместен во Европа, соопшти Алијансата.

120

Мисијата на НАТО во Ирак безбедно го премести целиот свој персонал во Европа, соопшти воениот сојуз.

„Мисијата ги советува ирачките безбедносни сили и не е вклучена во борба. Мисијата на НАТО во Ирак ќе продолжи од Командата на здружените сили во Неапол“, се вели во соопштението.






– Би сакал да им се заблагодарам на Република Ирак и на сите сојузници кои помогнаа во безбедното преместување на персоналот на НАТО од Ирак – изјави генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Гринкевич, врховен командант на силите на НАТО во Европа.

Мисијата на НАТО во Ирак, што има задача да им помага и да ги советува ирачките сили во нивната борба против џихадистичките групи, го повлече својот персонал поради безбедносни причини, јавија претходно француските медиуми повикувајќи се на безбедносни претставници.

– Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток – вели претставник на Алијансата.

Друг претставник  на НАТО вели дека „целиот персонал на мисијата е повлечен“, освен мал број лица.

Мисијата, што вклучува „стотици персонал“, се наоѓа во ирачка воена база во центарот на Багдад, близу амбасадата на САД, што е цел на чести напади од проирански фракции во текот на војната на Блискиот Исток.

 

Поврзани содржини