ХОЛАНДСКА ПОЕТЕСА ГО ДОБИ „ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ“ Струшките вечери повторно со големо име, лауреат е Анеке Брасинга

Престижното признание на Струшките вечери на поезијата ѝ припадна на холандската поетеса поради нејзиниот уникатен јазичен стил и влијание врз современата литература.

49

Холандската поетеса Анеке Брасинга е добитник на престижниот „Златен венец“ за 2026 година на Струшките вечери на поезијата, соопштија организаторите на фестивалот.

Одлуката ја донел Управниот одбор на фестивалот, по предлог на Советот за доделување на наградата, кој ја истакнал исклучителната вредност на поетскиот опус на Брасинга и нејзиниот значаен придонес во современата европска и светска поезија.






Во образложението се наведува дека поезијата на Брасинга се одликува со богата метафоричност, силна имагинација и уникатна јазична експресија.

„Со својот оригинален поетски глас, јазичната храброст и длабочината на поетската мисла, Анеке Брасинга се вбројува меѓу најзначајните современи поети во Европа“, се вели во одлуката.

Нејзиното творештво отвора сложени теми поврзани со природата, љубовта, времето и човековото постоење, создавајќи поетски свет кој се движи меѓу реалното и надреалното.

Со доделувањето на „Златниот венец“, фестивалот уште еднаш ја потврдува својата мисија да ги наградува највлијателните поетски гласови во светот.

Поврзани содржини