65-ГОДИШНИК ПОЧИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО Детали од вчерашната страшна несреќа на патот Кочани-Виница
Тешка сообраќајна несреќа на патот Кочани – Виница однесе еден живот, а тројца учесници се здобиле со повреди.
Шеесет и петгодишен маж го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот меѓу Кочани и Виница. Во судирот биле повредени уште три лица.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот, кога се судриле „фолксваген туран“ управуван од 59-годишник од Штип и „мазда“ зад чиј волан бил 65-годишник од селото Истибања.
Од здобиените повреди, возачот на „маздата“ починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Со телесни повреди се здобиле возачот на „фолксвагенот“, како и двајца сопатници од двете возила. Тие биле пренесени во Општата болница во Кочани, каде им била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа на полицијата од Виница, а причините за судирот се утврдуваат.