ГО НАПАДНАЛЕ СО ДРВЕНИ ПАЛКИ, ПА ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Полицијата ги бара тројцата напаѓачи на 26-годишниот охриѓанец

Дваесет и шестгодишен охриѓанец бил нападнат околу 2:45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, а по нападот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“.

2

Дваесет и шестгодишен охриѓанец бил физички нападнат од тројца мажи кои користеле дрвени палки на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга.

Нападот се случил на 4 октомври околу 2:45 часот, кога К.М. бил нападнат од тројцата напаѓачи.






По нападот, 26-годишникот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на напаѓачите, по што против нив ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини