НЕКА Е ВЕЧЕН СПОМЕНОТ НА НЕВИНИТЕ ЖИВОТИ ШТО ПРЕРАНО ЗГАСНАА Мицкоски на одбележувањето на годишнината од пожарот во Кочани

Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа – напиша премиерот Мицкоски.

94

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Паркот на револуцијата во Кочани присустува на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, испрати порака споменот за починатите да остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството да бидат сила што ќе нè води напред.

„Денеска, во Кочани, оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.






Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан.

Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.

Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата – Кочани памети, Македонија памети“ – објави Мицкоски на „Фејсбук“.

Поврзани содржини