НАРЕДБА ОД НОВИОТ АЈАТОЛАХ, ТЕСНЕЦОТ ОСТАНУВА ЗАТВОРЕН Американската морнарица ќе почне да ги придружува бродовите

Командантот на иранските морнарички сили на Револуционерната гарда, адмирал Али Реза Тенгисири, на Икс објави дека „нападите врз непријателот ќе продолжат и дека, по налог на новиот врховен водач, Ормускиот Теснец ќе остане затворен“. Од друга страна, секретарот за финансии на САД изјави дека Теснецот не е блокиран со мини и дека штом ќе биде воено изводливо американската морнарица ќе започне да ги придружува бродовите на патот низ Теснецот.

1,146

Иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска соопшти дека стратегијата на затворање на Ормускиот Теснец ќе продолжи и во наредните денови, истакнувајќи дека споменатиот план е во согласност со упатствата на новиот ирански ајатолах, Моџтаба Хамнеи.

Командантот на иранските морнарички сили на Револуционерната гарда, адмирал Али Реза Тенгисири, на Икс објави дека „нападите врз непријателот ќе продолжат и дека, по налог на новиот врховен водач, Ормускиот Теснец ќе остане затворен“.






„Ќе продолжиме да го напаѓаме непријателот и, според упатствата на новиот врховен водач Моџтаба Хамнеи, стратегијата за затворање на Ормускиот Теснец ќе се спроведува“, наведе Тенгисири во објавата, пренесе Ал Џезира.

Од друга страна, секретарот за финансии на САД за Скај Њуз потври дека американската морнарица ќе ги следи танкерите за нафта низ Ормускиот теснец за да обезбеди нивно поминување по повторените ирански напади врз бродови и енергетска инфраструктура во Персискиот Залив.

– Верувам дека американската морнарица, штом ќе биде воено изводливо, ќе почна да ги придружува бродовите низ теснецот, евентуално со меѓународна коалиција – рече тој.

Според Бесент теснецот не е блокиран со мини.

– Танкери веќе минуваат низ него, ирански танкери, а верувам дека некои се под кинеското знаме. Тоа ни кажува дека теснецот не е миниран.

Нападите ги искачија цените на нафтата над 100 долари за барел во четврток и предизвикаа пад на глобалните акции, објави Скај њуз.

Во својата прва изјава по изборот, новиот ајатолах Моџтаба Хамнеи рече дека Ормускиот Теснец мора да остане затворен додека траат американско-израелските напади, наведува иранската државна телевизија. Во аудио-порака емитувана претходно денеска, Хамнеи истакна дека Иран бил изложен на „неправда и агресија“.

Претходно, на 3 март, советникот на командантот на Иранската револуционерна гарда соопшти дека Теснецот е затворен за американски и за европски бродови.

САД и Израел го нападнаа Иран во саботата, на 28 февруари, во рамките на „превентивни напади“ по неуспехот на преговорите за нуклеарната програма. Иран одговори со масовни удари врз Израел и американските цели низ Блискиот Исток.

Поврзани содржини