АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ИРАК ПОГОДЕНА ОД РУСКА „КАЌУША“ Тоа оружје го користел Советскиот Сојуз во Втората светска војна
Американската амбасада во Ирак денеска беше погодена со ракети „каќуша“, кои армијата на поранешниот Советски Сојуз ги користеше за време на Втората светска војна, пренесоа ирачките медиуми.
Ирачкиот премиер и врховен командант на ирачката војска, Мохамед Шиа ал-Судани, изјави дека нападите врз дипломатските мисии ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на земјата, пренесува порталот Iraqi News.com.
Според зборовите на аналитичарите, милициите поврзани со Иран кои делуваат во Ирак ги интензивираа нападите врз американските интереси откако започна конфликтот во Иран, користејќи дронови, ракети и друго оружје за таргетирање на базите и инфраструктурата поврзани со САД и американските сојузници.