ЕУ И ЗЕМЈИТЕ ОД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ ПОВИКА НА ДИЈАЛОГ Во Заедничка изјава ги осудија нападите од Иран
„Министрите ја потврдија својата посветеност на регионалната стабилност и повикаа на заштита на цивилите и целосно почитување на меѓународното право“, се вели во заедничката изјава.
Европската Унија и Советот на земјите од Персискиот Залив (ГЦЦ) денеска повикаа на дијалог и дипломатија за решавање на кризата на Блискиот Исток, повторувајќи дека земјите од Персискиот Залив имаат право да се бранат од Иран.
„Министрите ја потврдија својата посветеност на регионалната стабилност и повикаа на заштита на цивилите и целосно почитување на меѓународното право“, се вели во заедничката изјава на ЕУ и ГЦЦ по видеоконференцијата на министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Персискиот Залив.
Во соопштението се вели дека министрите ја потврдиле својата непоколеблива посветеност на дијалогот и дипломатијата како средство за решавање на кризата, истакнувајќи дека се согласиле за „заеднички дипломатски напори за постигнување трајно решение“ за да се спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје и да му се овозможи на иранскиот народ сам да ја одреди својата иднина.
Нападите на САД и Израел врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, почнаа на 28 февруари и предизвикаа цивилни жртви, додека Иран возвраќа со напади врз израелска територија и американски воени цели во регионот на Блискиот Исток.
