📽️ ТРАМП СЕ НАЛУТИ ПОРАДИ ПРАШАЊЕ ЗА ПУТИН Прес-конференцијата во Белата куќа се претвори во жестока расправија

Новинарот го потсети американскиот претседател дека Москва постојано ги игнорира неговите рокови за прекин на огнот во Украина. Трамп одговори со контрапрашање, ја нападна телевизијата и го нарече новинарот „будала“.

241

Американскиот претседател Доналд Трамп го навредил новинарот на телевизијата „MS Now“ за време на прес-конференција во Белата куќа, нарекувајќи го „глупав“ и обвинувајќи го дека работи за „лажна телевизиска мрежа“, откако новинар го обвини дека му се додворува на Владимир Путин.

Новинарот го потсетил Трамп дека во изминатите 22 месеца на рускиот претседател му поставил низа рокови за прекин на огнот и за директна средба со Володимир Зеленски, но дека Москва ги игнорирала. Потоа го прашал кога ќе престане „попуштањето“ пред Кремљ.






Видно изнервиран, Трамп го избегнал одговорот со контрапрашање дали Путин воопшто војува против САД, а потоа ја нападнал гледаноста на телевизијата на која работи новинарот. Го прекинал и му дал збор на друг новинар, притоа упатувајќи му навреда:

„Каква будала си ти!“

 

 

Поврзани содржини