ИЗРЕЧЕНИ 59 КАЗНИ, ОДЗЕМЕНИ 5 ВОЗИЛА Полицијата санкционираше десетици возачи во Гостивар
Мобилната единица во шестчасовна контрола откри десетици прекршоци, а едно лице заврши во притвор.
Во акциска контрола спроведена утрово во Гостивар, полицијата изрече 59 санкции за сообраќајни прекршоци и одзеде пет возила, информираше Министерство за внатрешни работи.
Контролата ја реализирала Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во периодот од 07:00 до 13:00 часот на подрачјето на СВР Тетово – ОВР Гостивар, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила.
Според полицијата, изречени се:
– 6 мерки за измината важност на сообраќајна дозвола
– 6 мерки за превоз на повеќе патници од дозволеното во автобуси, минибуси и такси возила
– 1 мерка за неизвршен вонреден технички преглед на автобус
– 9 мерки за јавен превоз без лекарско уверение
– 10 мерки за товарни возила (претовар, вонреден превоз и некористење церада)
– 6 мерки за непоседување задолжителна опрема
– 6 мерки за други прекршоци
Поднесени се и 15 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.
Едно лице е лишено од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување без возачка дозвола.
Полицијата одзела и пет возила поради тоа што сообраќајната дозвола им била истечена повеќе од шест месеци.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.