📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата приведе гостиварец кој „леташе“ на автопатот Тетово – Гостивар

Возач на „Ролс-Ројс“ од Гостивар е лишен од слобода откако на автопатот Тетово – Гостивар возел со 194 км/ч, каде што ограничувањето е 80 км/ч.

0

Возач на „Ролс-Ројс“ со тетовски регистарски ознаки е лишен од слобода откако бил фатен како вози со 194 километри на час на автопатот Тетово – Гостивар, на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прекршокот бил регистриран денеска, на 23 октомври, во 12:05 часот, од полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои користеле специјално полициско возило – пресретнувач.






Возачот Б. М. (44) од Гостивар бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека се преземени соодветни мерки и активности и дека против возачот ќе биде поведена постапка согласно законот.

Министерството најавува продолжување на засилените сообраќајни контроли низ државата, вклучително и со употреба на полициски пресретнувачи, со цел откривање и санкционирање на возачите што ги прекршуваат сообраќајните правила.

Поврзани содржини