СИРЕНИ ПАК ГО РАЗБУДИЈА ИЗРАЕЛ Иран лансираше балистички ракети кон југот
Медицинските екипи проверуваат локации со пријавени паднати фрагменти од ракети, засега нема информации за повредени.
Сирени за тревога повторно се огласија во јужниот дел на Израел откако беше регистриран ирански напад со балистички ракети, јавуваат тамошните служби.
Според првичните информации, медицинските тимови во централниот дел на земјата извршуваат проверки на терен по пријави за можни падови на фрагменти од ракети. Властите засега информираат дека нема извештаи за повредени лица.
Ситуацијата се следи внимателно, а безбедносните служби остануваат во зголемена готовност поради ризик од нови напади.