📽️ РУСИЈА СО НЕВИДЛИВИ РАКЕТИ ГО НАПАДНА КИЕВ: Моќните проектили ја заобиколиле украинската ПВО, радарите ги откриле дури при ударот
Шест балистички ракети биле откриени на радарите непосредно пред ударот врз Киев. Нападот отвори прашања за системот за рано предупредување и можните последици од евентуалното ограничување на американската разузнавачка поддршка.
Руските сили изведоа масовен ноќен напад врз украинската престолнина, користејќи шест балистички ракети.
Според официјалното соопштение на украинските воздухопловни сили, лансирањето на проектилите поминало незабележано од нивните системи за извидување, а целите биле забележани на радарите дури во моментот на ударот врз градот.
Експлозиите во Киев одекнале пред да биде активиран системот за воздушна опасност. Според податоците на градските власти, во нападот биле погодени објект од сообраќајната инфраструктура и четирикатен магацин. Надлежните служби сè уште го утврдуваат точниот тип балистички ракети што биле употребени.
„Балистичките цели биле откриени со радарските системи непосредно за време на нападот врз Киев. Не беа добиени информации за лансирања од непријателска територија. Причините се утврдуваат“, соопштија украинските воздухопловни сили.
💥 Terrifying footage from near Kharkiv: Russian missile explodes during a girl’s livestream
The video shows just how sudden and dangerous an attack can be: only a few seconds may pass between hearing an approaching missile and the explosion.
— NEXTA (@nexta_tv) October 13, 2026
Отсуството на рано предупредување за лансирањето на ракетите отвори сериозни прашања во Киев, особено во услови на сè поголеми несогласувања меѓу Вашингтон и украинското раководство.
Американските медиуми објавија дека претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на разговорите со украинската делегација во Мајами, предупредиле дека Вашингтон би можел привремено да ја прекине размената на разузнавачки информации доколку Киев продолжи со нападите врз руските нафтени рафинерии. Покрај тоа, се разгледува и можноста за ограничување на понатамошните испораки на оружје.
Бидејќи украинскиот систем за противвоздушна одбрана во голема мера се потпира на американските сателитски податоци за рано откривање балистички ракети, евентуалниот прекин на соработката драстично би го скратил времето за реакција на украинските сили.
Покрај Киев, руските сили во текот на ноќта и раните утрински часови нападнале и други клучни градови низ Украина.
Градот Лавов бил нападнат со беспилотни летала во раните утрински часови. По експлозиите избиле пожари на повеќе локации, а обемот на штетата сè уште се утврдува.
Сообраќајната инфраструктура повторно се нашла на мета на напади со беспилотни летала во Запорожје.
Украинските воздухопловни сили соопштиле дека градот Харков бил нападнат со девет беспилотни летала од типот „S-8000 Banderol“.
Ситуацијата на теренот останува исклучително напната, додека се очекуваат официјални информации за причините за задоцнетата реакција на украинската противвоздушна одбрана во престолнината.