🎥 ОПРА ВИНФРИ ГО ПРОСЛАВИ 72. РОДЕНДЕН СО 72 МИНУТИ ВЕЖБАЊЕ Погледнете го жестокиот тренинг на водителската дива во осмата деценија

Опра Винфри го прослави својот 72-ри роденден со интензивен тренинг во траење од 72 минути, кревајќи до 75 килограми тежина и порачувајќи дека по операцијата на колената, нејзината сила е клучот за квалитетен живот во староста.

128

Опра Винфри уште еднаш докажа дека годините за неа не значат ништо.
Познатата водителка го прослави својот 72-ри роденден на начин на кој малкумина очекуваа, со интензивен тренинг и кревање тегови.

Во видеото што го сподели, може да се види како изведува deadlift (мртво кревање) со таканаречена трап шипка, а одлучи да вежба дури 72 минути во чест на своите 72 години. Во спортска комбинација и со насмевка на лицето, Опра покажа завидна форма и сила, кревајќи до 75 килограми.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Таа откри дека била инспирирана да тренира посериозно од пејачката Адел, но нагласува дека нејзината цел не е натпреварување, туку зачувување на мускулната маса и општата кондиција.

Откако пред две години направила операција на двете колена, сфатила колку е важна силата за квалитетен живот во зрелоста.

Покрај тренингот со тегови, таа редовно комбинира трчање на лента и вежбање на ски-тренажер и признава дека денес се чувствува посилна од кога било.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Поврзани содржини