„ПОГЛЕДНИ ГО СВОЕТО ДЕВОЈЧЕ СЕГА, КЕЛИ“ Џон Траволта со емотивна порака за роденденот на покојната сопруга

Актерот го одбележа денот кога неговата сопруга Кели Престон која почина во 2020. година, ќе наполнеше 64 години, објавувајќи видео од нивната ќерка Ела Блу на нејзиното деби на модната недела во Париз. Треба да бидеш толку горда на неа, напиша тој во објавата

68

Џон Траволта (72) на 13 октомври ѝ оддаде почит на својата покојна сопруга Кели Престон, која на тој ден ќе го прославеше 64. роденден. Актерот на Инстаграм објави видео од нивната ќерка Ела Блу Траволта (26), составено од снимки од нејзиното деби на модната недела во Париз.

Ела на 4 октомври прошета на ревијата на модната куќа „Миу Миу“ за колекцијата пролет/лето 2027. Во видеото се гледа како се подготвува за настанот и излегува на пистата, каде што се појави и покрај познати имиња како Оливија Колман и Џиџи Хадид. Во заднина се слуша песната „Мун ривер“ во изведба на Одри Хепберн.






– Погледни ја својата малечка сега, Кели! Среќен роденден, треба да бидеш толку горда! – напиша Траволта покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Ела претходно ја објави истата снимка на својот профил, а нејзиниот татко ѝ остави коментар: Ми се допаѓа ова, Ела – и те сакам! Тато!

И таа ѝ посвети порака на мајка си по повод роденденот. На Инстаграм стори објави фотографија од детството на која е со Кели и напиша: Среќен роденден, мамо. Те сакам.

Кели Престон почина во јули 2020 година, на 57-годишна возраст, по двегодишна борба со рак на дојката. Таа и Траволта се венчаа во 1991 година и беа во брак речиси три децении. Заедно имаа три деца: Ела Блу, Бенџамин и Џет, кој почина во 2009 година, на 16-годишна возраст.

Ела и претходно ѝ оддавала почит на мајка си на важни датуми. Оваа година, за Денот на мајката, објави фотографија од детството на која двете се прегрнати и насмеани.

Траволта неодамна зборуваше и за филмот „Propeller One-Way Night Coach“, на кој работеше како режисер. Тој откри дека филмот им го посветил на Кели, на синот Џет, како и на своите браќа, сестри и родители.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“, актерот зборуваше и за тоа како се справува со загубите што ги доживеал. „Животот навистина ме стави на искушенија“, рекол тој, додавајќи дека по природа се обидува да ја бара позитивната страна дури и во најтешките моменти.

– Можам да гледам во темнината, но не избирам да умрам во неа – изјавил Траволта.

Поврзани содржини