ТАТКО ЗАЕДНО СО МАЛОЛЕТНИОТ СИН ПРОДАВАЛЕ ФАЛСИФИКАТИ Измамниците за лажните брендови зеле пари и злато

Осомничениот 37-годишник со малолетниот син нуделе производи со ознаки на познат бренд, а кај нив биле пронајдени пари и злато од измамените купувачи.

139

Триесет и седумгодишен жител на Радовиш заработи кривична пријава откако, заедно со својот малолетен син, продавал производи со лажни ознаки на познат бренд и мамел купувачи.

Од полицијата информираат дека пријавата ја поднело СВР Струмица поради сомнение за кривично дело „измамување на купувачи“. Според истрагата, осомничениот на 10 февруари и во два наврати на 18 февруари нудел производи кои изгледале како од позната марка, но не одговарале на оригиналниот квалитет и потекло.






– Со намера да измамат купувачи на подрачјето на Радовиш, пријавениот и неговиот малолетен син пуштиле во промет производи со ознака на позната марка – велат од полицијата.

Во шемата, тие не земале само готовина. Според информациите, од измамените лица прифатиле и златен накит како замена за пари, при што се стекнале со противправна корист од околу 250 евра.

На 18 февруари двајцата биле затекнати во Радовиш во патничко возило „пежо“ со скопски таблички. При прегледот, полицијата пронашла повеќе комплети со ознаки на познат бренд, како и пари и златен накит.

– Предметите се одземени, а се преземаат и други мерки за расчистување на случајот. Постапката против осомничениот е во тек – додаваат од МВР.

Поврзани содржини