СО ИНВЕСТИЦИИ ВО АВТО-СЕКТОРОТ И ВО ЕНЕРГЕТИКАТА ЌЕ СЕ ПОДОБРУВА СОРАБОТКАТА СО СЛОВАЧКА Муцунски вели дека е голем потенцијалот за партнерства

На Македонско-словачкиот бизнис форум што се одржува во Скопје. присуствуваат претставници на голем број компании од Македонија и од Словачка.

398

Автомобилската индустрија и енергетиката се само некои од секторите во кои Македонија и Словачка може да ја интензивираат економската соработка, а потенцијалот за зголемување на деловното партнерство е голем, оцени денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум што се одржува во Скопје.

Како што рече Муцунски, форумот е одлична можност за директни средби на стопанствениците од двете страни.






-Ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции, туку и на  зголемување на извозните потенцијали- рече Муцунски.

На  форумот присуствуваат претставници на голем број компании од Македонија и од Словачка.

Поврзани содржини