📷 КОЈ БИ РЕКОЛ ДЕКА Е 11 ГОДИНИ ПОСТАРА ОД НЕГО? По разводот, Џесика Алба најде нова среќа со својот колега

По разводот од Кеш Ворен, Џесика Алба беше видена во Мајами како разменува нежности со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.

282

Џесика Алба и Кеш Ворен официјално се разведоа после 16 години брак, дури деновиве, две години откако објавија дека се разделуваат. Според судските документи, поранешниот пар постигнал договор за поделба на имотот и старателството над своите деца.

Во документите се наведува дека поранешниот пар се откажал од правото да си плаќа алиментација еден на друг. Сепак, Ворен ќе добие исплата од 3 милиони долари од Алба за да се изедначи поделбата на имотот. Актерката ќе ја плати сумата на две рати од по 1,5 милиони долари – првата веднаш, а втората во рок од една година.






Според договорот, Алба и Кеш ќе продолжат да ги одгледуваат своите ќерки Онор (17) и Хејвен (14) и синот Хејс (8) заедно.

По разводот од Кеш Ворен, Џесика Алба беше видена во Мајами како разменува нежности со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.

44-годишната мајка на три деца е 11 години постара од ѕвездата на филмот „Капетан Америка: Храбриот нов свет“, но разликата во годините воопшто и не се забележува.

Двојката за прв пат беше видена заедно на 14 јули по романтичниот одмор во Канкун, и оттогаш се речиси неразделни.

Тие изгледаа многу блиски и на најновите фотографии од плажа. Иако актерот веќе има објавено нивни заеднички фотографии на Инстаграм, Алба сè уште не споделила ниту една.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)

Според договорот со поранешниот сопруг, Алба и Кеш ќе продолжат да ги одгледуваат своите ќерки Онор (17) и Хејвен (14) и синот Хејс (8) заедно.

Рамирез неодамна го заврши своето режисерско деби, фудбалската драма „Батон“, чиј  извршен продуцент е Дејвид Бекам, а пред него има голем број актерски проекти, вклучувајќи филмови со Педро Паскал и „Одмаздници: Судниот ден“ на Марвел.
Алба, која се здоби со слава во серијата „Темен ангел“, ја продолжува својата актерска и продуцентска кариера и ја води успешната компанија „The Honest Company“, која сега се проценува на 300 милиони долари.

Поврзани содржини