ПОЧУВСТВУВАНИ ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ВО ОХРИД И ВО БИТОЛА Епицентрите биле во Албанија и во Грција

Првиот земјотрес е почувствуван во 19.50 часот , а вториот во 23.10 часот.

690

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23.10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.






Претходно, во 19.50 часот беше почувствуван уште еден земјотрес во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој земјотрес бил во Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје.

Поврзани содржини