ПОРАНЕШНИОТ ПРИНЦ СРЕДЕ НОЌ ИСФРЛЕН ОД РЕЗИДЕНЦИЈАТА Ендру морал итно да се исели по шокантните нови откритија во врска со Епстин?

Британскиот принц Ендру наводно бил исфрлен преку ноќ од Ројал Лоџ, луксузната резиденција во Виндзор во која живее со години.

1,433

Според „Дејли меил“, преселбата на британскиот принц Ендру од Royal Lodg, луксузната резиденција во Виндзор во која живее со години, била направена во целосна дискреција, доцна во ноќта, по шокантните нови откритија поврзани со Џефри Епстин.

Поранешниот војвода од Јорк морал да го напушти имотот порано од планираното, а одлуката наводно била донесена откако кралот Чарлс станал сè позагрижен за новите обвинувања околу неговиот брат.






Ендру наводно бил транспортиран 82 милји (132 километри) подалеку до имотот Сандрингам под закрила на ноќта.

Итното преместување дошло откако биле објавени нови документи од досиејата на Епстин, вклучувајќи е-пошта и фотографии што предизвикале јавен револт. Во исто време, полицијата потврдила дека истражува обвинувања дека Епштајн доведувал жени во Велика Британија за сексуални односи со тогашниот принц.

Ендру ја напушти Ројал Лоџ, резиденција вредна околу 30 милиони фунти со 31 соба. Тој привремено ќе престојува во Вуд Фарм Котиџ во Норфолк додека не се завршат работите на соседниот имот, каде што треба да се пресели трајно на почетокот на април.

Иако сега се сели од Виндзор, извори тврдат дека Ендру може периодично да се враќа за да го заврши преселувањето, бидејќи ќе биде потребно време целосно да се испразни имотот. Кратко по неговото заминување, наводно биле видени голем број возила како ја напуштаат резиденцијата.

Поранешниот принц сега е под зголемен притисок да соработува со американските власти кои ги истражуваат злосторствата на Епстин, додека Бакингемската палата досега одбива да коментира за најновите откритија.

Според неодамна објавените судски документи, имало и обвинувања од жена која тврди дека учествувала во приватните собири на Епстин, каде што бил присутен и Ендру. Според судските документи, жената тврди дека во 2006 година била донесена на приватна забава во домот на осуден педофил во Палм Бич, каде што, според неа, била замолена да има секс со Ендру. Во истите документи се наведува дека потоа од Епстин побарала 250.000 долари, пишува Дејли Меил.

Поврзани содржини