УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ВОЗЕЛ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Возилото му е одземено
По целосно документирање на случајот, против С.Д.(23) од село Тработивиште, делчевско, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во објавата на МВР.
Полициски службеник од Делчево, кој возел без возачка дозвола, уапсен е денеска од колегите од ОВР Делчево, а неговото возило е одземено, информира МВР на својата Фејсбук-страница.
„На 02..02.2026 во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од село Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое тој го управувал. Притоа е констатирано дека полицискиот службеник С.Д. го управувал возилото без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во објавата на МВР.