ДАЛИ ВЛАДАТА И СИНДИКАТИТЕ СЕ ПРЕД ДОГОВОР ЗА ПЛАТИТЕ НА 7.700 АДМИНИСТРАТИВЦИ? За Мицкоски не е проблем каде ќе се потпише владиниот предлог, сега Трендафилов треба да реши дали го прифаќа
ССМ, според изјавата на неговиот претседател Слободан Трендафилов, дадена вчера во која го покани премиерот Мицкоски в понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40%, сака тој да важи веднаш.
Понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40%, изјави премиерот Хтистијан Мицкоски денеска од Тетово .
За Мицкоски, како што изјави, не е проблем каде ќе биде потпишан договорот.
-Понудата е таа каде било да се одржи тој состанок – било во Владата, било во ССМ или во некоја друга просторија. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ, има таму уште еден репрезентативен синдикат, ние сме подготвени. Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, нема никаков проблем. Тогаш и овие 7.700 работници државни административци ќе добијат за две години и два месеца миниум 40% поголема плата- рече Мицкоски.
ССМ, според изјавата на неговиот претседател Слободан Трендафилов, дадена вчера во која го покани премиерот Мицкоски в понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40%, сака тој да важи веднаш.
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски изјави дека ова било прифатливо за нив уште пред една година и додаде дека не се работи за понуда на Владата, туку за барање на синдикатот од 2025 година.
-УПОЗ, за оној мандат што ми е даден мене од членовите на УПОЗ, го прифаќа овој предлог. И овој предлог беше прифатлив уште пред една година. А зошто се чекаше година, тоа некој друг треба да одговори. А уште поприфатлив е новиот предлог, ако можам да се изразам така, за 2 години администрацијата и правосудството да добијат 40%. Понеделник, вторник, среда – кога му одговара на премиерот и кога им одговара на министрите, да се дојде и да се потпишат овие колективни договори и да ја завршиме оваа голгота бидејќи административците и колегите од правосудството имаат најниски плати во државната и во јавната администрација – рече Деаноски за ТВ Телма.
Дали синдикатот и владата ќе ги потпишат колективниот договор и решението за постепено зголемување на платата на дел од администрацијата останува да се види, бидејќи за владата е спорен еден дел од колективниот договор, кој според владата, е нејасно напишан и може да се толкува различно.
ССМ збара и зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра што беше повод за протст и најавени блокади на исституции и улици во скопје кои ќе полнат наредната недела.
Премиерот и денеска го повтори ставот на владата дека за висоната на минималната плата треба да се договорат синдикатите и работодавачите.
-Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор, односно посредник – повтори и денеска Мицкоски