АКО СДСМ И ДУИ НЕ КРАДЕА, МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ДЕНЕС МОЖЕБИ ЌЕ БЕШЕ 700 ЕВРА Набавуваа канцероген мазут и си ги полнеа џебовите
Доброто во предлог-законот на СДСМ е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на поднесениот предлог-закон од СДСМ.
СДСМ денеска се одважи и напиша на хартија предлог-закон за минимална плата од 600 евра, напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или 110 милиони евра), но заборавиле да напишат од каде ќе ги најдат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доброто во предлог-законот на СДСМ е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил. Да не дозволеа злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот и им штетел на граѓаните, денес работниците ќе имаа и повисока минимална плата, можеби од 700 евра. Но за жал, СДСМ и ДУИ, гледаа како можат што повеќе да ја украдат државата и да си ги наполнат сопствените џебови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ,
Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог-законот за измени на Законот за минималната плата, со кој вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари, односно 600 евра.
Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување, особено кај основните прехранбени производи, енергентите, комуналните услуги и здравствените трошоци, кои имаат директно и најсилно влијание врз месечните трошоци на домаќинствата.
– СДСМ е на страна на работниците. Очекуваме поддршка од сите парламентарни партии. Ајде да обезбедиме достоинствена плата за работниците. Време е – се вели во денешното соопштение од СДСМ.