НИТУ ЕДНА, НИТУ ДВЕ СИЛИ, ТУКУ МУЛТИПОЛАРНОСТ Гутереш мораше да објасни за кои сили станува збор

На новинарско прашање, Гутереш појасни дека под „една сила“ мислел на Соединетите Држави, а „две сили“ се однесувало на САД и Кина. Светот мора да се фокусира на мултиполарност, изјави првиот човек на Обединетите Нации.

194

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш го критикуваше геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп, пренесе ДПА.

– Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки – рече Гутереш, кој се повлекува од функцијата на крајот на годината, на својата последна новогодишна прес-конференција во Њујорк.






– Ниту, пак, ќе се решат со тоа што две сили ќе го делат светот на ривалски сфери на влијание – додаде тој.

На новинарско прашање, Гутереш појасни дека под „една сила“ мислел на Соединетите Држави, а „две сили“ се однесувало на САД и Кина. Светот мора да се фокусира на „мултиполарност“ – рече тој.

– Мултиполарност која е вмрежена, инклузивна по дизајн и способна да создаде рамнотежа преку партнерства. Партнерства во трговијата, во технологијата и во меѓународната соработка – истакна Гутереш.

Гутереш, кој треба да се повлече од функцијата на крајот на оваа година, уште еднаш даде јасна поддршка за тоа жена да го наследи на позицијата.

– Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во Њујорк.

Поврзани содржини