КАЗНЕТИ 60 ГРАЃАНИ ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ПОСЛЕ 22 ЧАСОТ Висината на казната изнесува 50 евра

Пред неколку месеци е воведена оваа забрана за фрлање ѓубре во вечерните часови до 6 часот наутро. Периодот на опомени и адаптација на новата мерка заврши.

576

Над 60 граѓани во Скопје во изминатиов период се казнети затоа што фрлале ѓубре после 22 часот.

Комуналните инспектори на Град Скопје им изрекле казна во износ од 50 евра во денарска противвредност.






Пред неколку месеци е воведена оваа забрана за фрлање ѓубре во вечерните часови до 6 часот наутро. Периодот на опомени и адаптација на новата мерка заврши.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е задоволен од мерката. Вели дека со неа се воспоставил ред во градот.

Градските инспекторите за животна средина во последните 3 месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и во општина Сарај и изрекле казни од 1.000 до 53.000 евра. Казнети се и одговорните лица со по 3.000 евра. Исто така, казнети се физички лица со казни од 250 до 500 евра за неправилно одлагање и за палење отпад.

Комуналната инспекција спровела и 240 контроли на градилишта низ Скопје, кои резултирале со 25 опомени и 11 казни од по 1.300 евра.

 

Поврзани содржини