🎥 КУЛТНАТА РУСОКОСА СЕ ПОЈАВИ ЗА ПРВПАТ ОТКАКО БЕШЕ ОТКРИЕНО ДЕКА ИМА ДЕМЕНЦИЈА Многумина не знаат дека Типи Хедрен ѝ е мајка на Мелани Грифит и баба на Дакота Џонсон

Типи Хедрен беше фотографирана на нејзиното прво јавно појавување по две години, кога беше откриено дека страда од деменција. Таа деновиве го прослави 96-тиот роденден, а ние се потсетивме на нејзиното заедничко интервју со нејзината ќерка Мелани Грифит, внуката Дакота Џонсон и поранешниот зет, Дон Џонсон од пред 8 години

183

Типи Хедрен стана позната како муза на големиот режисер Хичкок, а деновиве се појави во јавноста за првпат откако пред речиси две години беше објавено дека има деменција, дека повеќе не е во можност да дава интервјуа и дека нема целосно сеќавање на својата професионална кариера.

Филмската икона Типи Хедрен, ѕвезда на класиците на Хичкок „Птици“ и „Марни“, наполни 96 години, а роденденот го прослави со своето семејство во домот на нејзината ќерка, актерката Мелани Грифит.






Хедрен е баба на актерката Дакота Џонсон, од бракот на Мелани со актерот Дон Џонсон.

На прославата пристигна во придружба на член на семејството, а во текот на вечерта беше видена како се држи за раце со нејзиниот внук Александар Бауер. Нејзината препознатлива руса коса и софистициран стил предизвикаа спомени за нејзиниот статус како една од познатите русокоси на Хичкок.

Ретката појава на Типи Хедрен ги трогна обожавателите ширум светот, кои ја паметат како една од најголемите икони на златното доба на Холивуд, а ние со видеото погоре се потсетивме на заедничкото интервју на оваа славна четворка актери, Типи Хедрен, нејзината ќерка Мелани Грифит, нејзината внука Дакота Џонсон и нејзиниот поранешен зет Дон Џонсон.

Поврзани содржини