📽️ ЗА ЖЕШКИТЕ ЛЕЗБЕЈСКИ СЦЕНИ МЕЃУ ЕН ХАТАВЕЈ И ДАКОТА ЏОНСОН „Тоа беше неверојатно пријатно искуство“
Актерките имаат неколку сензуални моменти во филмот „Verity“, а Џонсон откри дека снимањето било многу техничко, но за неа и исклучително пријатно искуство.
Дакота Џонсон отворено зборуваше за снимањето на интимните сцени со Ен Хатавеј во новиот филм „Verity“, адаптација на истоимениот роман на Колин Хувер.
Во филмот, Џонсон ја игра писателката Ловен Ешли, која добива задача да ја заврши успешната серија книги на мистериозната писателка Верити Крафорд, која ја глуми Хатавеј. Откако Ловен се вселува во домот на Верити и нејзиниот сопруг Џереми, кој го игра Џош Хартнет, почнува да открива вознемирувачки тајни.