НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДУВА АНГЛИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА Можни поплави и прекини

Метеоролозите предупредуваат на локални поплави и прекини во автобускиот и железничкиот сообраќај во повеќе региони.

62

Британската метеоролошка служба денеска издаде жолт метео-аларм поради обилни дождови во следните два дена, кои би можеле да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во делови од јужна Англија, Велс и Северна Ирска, пренесуваат британските медиуми.

Првото предупредување се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде што се очекува невремето да предизвика прекини во автобускиот и железничкиот сообраќај, како и поплави на пониските подрачја, објави Скај њуз.






Метео-аларм е издаден и за југозападна Англија, како и за делови подалеку на исток, опфаќајќи области речиси до Портсмут, а на север до Оксфорд.

Поврзани содржини