2026 е година на одгoвори и на наука
Македонија не смее да биде заложник на утопии кои се стратешки создадени врз стравот на граѓаните. Нашата држава не смее да биде увозно зависна од други држави кои не ги почитуваат правилата на ЕУ за заштита на животната средина. Туку напротив мора самата да создава и да произведува материјални добра кои ќе се одразат позитивно кон демографијата, економската стабилност, образованието и кон животната средина.
Оваа година ја започнувам со научно докажани факти и потврда дека во Mакедонија живеат личности кои сакаат наука. Така на самиот почеток од 2026 година имав средба со еден рударски генијалец кај кого годините се само бројка зошто е во одлична психофизичка состојба.
На моето прашање: Дали да се сконцентрирам на магистерска тема „Добивање на злато со тиосулфатна постапка во рудникот Плавица-Пробиштип“ или пак на „Радиоактивни елементи во прашината од РЕК Битола“ ми одговори: „За што и да се одлучиш ќе оставиш трага позади себе и верувај дека сепак има млади личности кои ја сакаат науката и прагматичноста, а не романтиката и политичкиот популизам“.
Mакедонија има научници кои знаат како државата да се справува и со најголемите предизвици во однос на индустријата, заштита на животната средина и сето тоа да обезбеди економски напредок и благосостојба на граѓаните.
За жал, нашите политичари немаат време и храброст да ги прашаат. Овие научници не се занимаваат со гол популизам и сеење страв. Туку се едноставно изолирани тотално непотребно од популизмот на самопрогласени „зелени“ активисти кои се необразовани.
А како е изграден популизмот. На една и единствена стратегија. Народот се плаши од непознато. Токму на оваа стратегија или филозофија, како и да ја земеме, се уништува комплетно нашето општество, односно Македонија.
Ние имаме наука која знае како да нѐ заштити од сите непогоди. Но, кога во континуитет ја омаловажуваме со популистички и со необразовани изјави од страна на личности кои едноставно ја мразат својата држава таа не може да дојде до израз.
И затоа оваа година е година на одговори.
Дали граѓаните имаат право да се револтирани и да протестираат дека воздухот им е загаден?
Апсолутно да. Но мора да прифатат дека имаме остарен возен парк од индивидуални возила која што бројка ја надмина фантастичноста од 645.000 со голем импакт на загадувањето. Како пример, се купува добар германски бренд возило од 2009 година со поминати 298.000 километри и со наративот „стакло е возилото“ како од фабрика, пали-вози.
Кој мора ова да го спречи? Државата. Кој мора да ја слуша државата? Па ние граѓаните за доброто на нашите деца.
А државата кого слуша? За да добијат политичарите глас повеќе слушаат „зелени“ активисти кои се физотерапевти, книжевници, инсталатори на мобилни антени, психијатри, пропаднати новинари, глумци, инфлуенсери со завршени дипломски студии на сомнителни факултети итн.
И да главен „зелен“ инфлуенсер посебно за град Скопје е филолог, со дипломска работа „Вегетријанството во антиката“ и нов труд за „Веганството кај Порфириј“. Оваа личност вели: сета индустрија надвор од Скопје.
Би сакал да бидам прецизен. Без индустријализација нема Македонија. Ние сме една мала нација по бројност ама имаме територија нешто помала од островот Тајван кој има десет пати поголема популација и е целосно индустријализиран како држава.
Пред да одговорам за нашите природни рударско металични капацитети да посочам една вистина која мораме да ја прифатиме. Индустриските капацитети во Скопје кога се граделе биле надвор од градот. За жал поради неодговорноста на самите граѓани и на локалните самоуправи градот се доближил до нивниот „атар“. И тоа мораме да го прифатиме.
Она што мораме да го осознаеме како воспитани личности е дека со новите достапни технологии (НДТ) овие капацитети работат согласно правилата на Европската Унија во делот на животната средина и токму овие капацитети носат пари во нашето општество за сите ние да имаме основни материјали да изградиме домови (цемент, метални профили како што се арматури и кровови, бетон, бакар за пренос на електрична енергија каде користиме мобилни телефони, компјутери, возила, гелендри за тераси, клима уреди, ПВЦ прозори, огледала каде се користи сребро, дрвени елементи, електрични уреди во домаќинствата, часовници итн).
Македонија не смее да биде заложник на утопии кои се стратешки создадени врз стравот на граѓаните. Нашата држава не смее да биде увозно зависна од други држави кои не ги почитуваат правилата на ЕУ за заштита на животната средина. Туку напротив мора самата да создава и да произведува материјални добра кои ќе се одразат позитивно кон демографијата, економската стабилност, образованието и кон животната средина.
Дали ни треба комплетна индустријализација?
Одговорот оди во две насоки. Прво зборот треба мора да го исфрлиме од македонскиот вокабулар зашто е синоним на идно време со значение се лажеме самите себе.
Втората насока е во следниве чекори: За да не загадуваат индустриските комплекси мора државата да утврди што се внесува во Македонија за тоа да отиде во печките. Оној кој внесува високо загадувачки материјали како основно гориво за неговата печка има веднаш да се најде пред правосудните органи и има да му се суди кривично за екоцид. Оној кој врши притисок врз медиумите со дезинформации за кривично дело екоцид исто така има да се најде пред правосудните органи.
Работите се многу едноставни. Државата мора да се сврти кон научниците, а не кон дилетанти.
И повторно: дали граѓаните имаат право да бидат револтирани и исплашени за сопственото здравје?
Апсолутно да.
Државата е таа што нѐ штити, а не „зелени“ активисти кои немаат допирна точка со законодавството и со науката првенствено.
Да живее Македонија и науката!
П.С. Ако некој од „зелените“ активисти прочитал некогаш литература од Ханс Тамемаги и знае да ја толкува, јас престанувам да лобирам за индустријализација. Нема таков. Ќе приметев во овие девет години.