ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ БИ СТОРИЛЕ СЀ ЗА ПАРИ, НИВНИТЕ АПЕТИТИ НЕМААТ ДНО Планира ли Обвинителството да истражи околу болницата „Жан Митрев“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Штом станало јасно дека болницата е таргет, по само една недела, ЈО ја повлекло забраната за продажба, со што се отворила можност за купување удели. Откако теренот бил исчистен, Заев и Филипче му понудиле на д-р Митрев цена за болницата далеку пониска од продажната, а за возврат да му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

324

Веројатно не постои црвена линија што Венко Филипче и Зоран Заев не би ја преминале ако на крајот од неа стојат пари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста беше сведок за време на нивното владеење, а е сведок и денес, на апетитите кои очигледно немаат дно, додава партијата.






„Таков е и случајот со д-р Жан Митрев, сопственик на истоимената болница, кој неодамна на национална телевизија изјави дека во периодот кога против него се водеше судски процес, бил под директен притисок поврзан со сопственоста на неговата болница. И во овој случај биле пакет аранжман, Заев-Филипче, и наместо да се држат до институционална дистанца, тие веднаш го препознале моментот како можност за профит. Според кажаното од самиот Митрев, токму во тие околности му било сугерирано дека може да му се помогне во судскиот случај, ако болницата заврши во вистински раце“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, се додава, му биле блокирани и личната сметка и сметката на болницата, а постоела и забрана за продажба.

„Но, штом станало јасно дека болницата е таргет, по само една недела, забраната била повлечена од страна на Јавното обвинителство, со што се отворила можност за купување удели. Ова е само уште еден меѓу многуте примери и се должи на инсталациите на СДСМ во судството. Откако теренот бил исчистен, следувала и спогодба, односно Заев и Филипче му понудиле на д-р Жан Митрев цена за болницата далеку пониска од продажната, а за возврат да му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, болницата Жан Митрев имала најголем буџет за време кога Филипче бил министер за здравство, додава партијата.

„За 2015 година буџетот е 361,6 милиони денари. Истиот се зголемува во 2017 година на 406,6 милиони денари, во 2018 повторно се зголемува на 457 милиони денари. Во 2019 година има  поголемо зголемување на 612 милиони денари, за во 2020 година буџетот да достигне 682 милиони денари, околу 11 милиони евра. За 2021 година, 602 милиони денари, за 2022 година, повторно 602 милиони денари, за 2023 година, околу 548 милиони денари, за 2024 година, околу 515 милиони денари, а во 2025 година е намален на 479,9 милиони денари“, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прва приватна здравствена установа на која Филипче ѝ фрлил око, а во контекст на случајот логично е да се постави прашање, дали овие милионски трансфери за Филипче претставувале инвестиција во сопствен проект, со цел подоцна да ја преземе болницата како веќе профитабилен бизнис, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните во екот на ковид пандемијата бараа вакцини, додека луѓе умираа, болниците беа на раб на капацитетите и граѓаните беа принудени да одат во соседни земји за вакцини, министерот за здравство очигледно имал поважни приоритети и сопствени бизнис планови и лични калкулации. Дали ЈО ќе отвори истрага или ова ќе остане во сенка на политичките интерпретации на Филипче? Затоа што, вчера на неговата прес-конференција како заменик портпарол на СДСМ, се обиде овој случај да го минимизира“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини