МУ НАШЛЕ 9 ПИШТОЛИ НА ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА Ги „вградил“ во кровот на возилото

Пет од запленетите пиштоли биле со голема пробивна моќ.

201

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор, соопшти Царинската управа.

Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.






„Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик“, наведуваат од Царинската управа.

По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек.

Поврзани содржини