КОГА ТОЈ БЕШЕ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ДРЖАВАТА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО Жерновски не беше хумористичен кога земаше 1.000 евра месечно за „изградбата“ на болницата во Штип
Неуспешниот дипломат, неакредитираниот амбасадор и очајниот градоначалник Андреј Жерновски, нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики на Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Андреј Жерновски неуспешен дипломат, неакредитиран амбасадор, очаен градоначалник, нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики на Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Паметиме дека додека тој беше заменик министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев, државата го промени името. Ако тоа е успех, нека му служи на чест“, се вели во соопштението.
Жерновски денеска иронично говори дека Македонија ќе ги задржи младите дома, поради паузата на САД за имигрантските визи, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„Жерновски не беше вака хумористичен кога добиваше по 1.000 евра месечно како проектен менаџер за изградба на Клиничкиот центар во Штип, за којшто беа обезбедени средства од минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но СДСМ не успеа да ја изгради. Изгледа тогаш му одговарало на Жерновски да го полни својот џеб од парите на граѓаните, а притоа ништо да не работи“, се вели во соопштениети.
Жерновски, како Заев и Венко Филипче, треба да биде во минатото на политиката, а не „ново лице” на СДСМ, додава ВМРО-ДПМНЕ.
Жерновски на Фејсбук објави дека премиерот Мицкоски конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи.
„Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции. Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш“, објави, меѓудругото Жерновски.