ЌЕ СЕ СТИМУЛИРААТ ИЗВОЗОТ И ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ИКТ СЕКТОРОТ Муцунски го претстави новиот модел на работа на амбасадите пред МАСИТ
Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ пред чие раководство презентира план на активности и мерки што како Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ќе се преземат за стимулирање на извозот, особено на услуги и за привлекување нови инвеститори, со цел подобри економски резултати на државата.
Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и привлекување нови инвеститори очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларните претставништва со стопанските комори.
Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство презентира план на активности и мерки што како Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ќе се преземат за стимулирање на извозот, особено на услуги и за привлекување нови инвеститори, со цел подобри економски резултати на државата.
– Имаме концепт во четири точки, кој значи мобилизација на нашите компании, мобилизација на ресурсите на државата во државата, но исто така и нов модел на мобилизација на нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Во следниот период ќе продолжиме на дело да ги имплементираме заедно со стопанските комори, со македонските компании, овие мерки и секако се надеваме на подобри економски резултати, кои ќе значат поголема додадена вредност за македонската економија – изјави Муцунски.
МАСИТ, како што рече претседателот Јордан Димитровски, ги поддржуваат активностите што ги најавува министерот.
Целите на МАСИТ како стопанска комора на ИКТ-индустријата се јасни, што повеќе домашни компании на меѓународните пазари, што повеќе потпишување договори од аспект на додадена вредност на производи и поголем развој на македонските компании од извозна гледна точка, изјави Димитровски.
Посетата на МАСИТ е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ги почна неделава со раководствата на стопанските комори и сродни организации. Претходно, тимот на Министерството беше во посета на организацијата „Македонија 2025“.