НА 70 ГОДИНИ ИЗГЛЕДА ПОМЛАДА ОД СВОЕТО ПОМЛАДО МОМЧЕ Крис Џенер повторно во центарот на вниманието по фотографијата со нејзиниот 45-годишен партнер

Крис Џенер (70) позираше покрај својот 25 години помлад партнер, Кори Гембл, а обожавателите на социјалните мрежи не можеа, а да не забележат дека нејзините естетски кореции вредни 100.000 долари направиле тој да изгледа постаро од неа.

481

Крис Џенер (70) е повторно во центарот на вниманието овој Божиќ, овојпат, поради нејзиниот младешки изглед на празничната фотографија со долгогодишниот партнер Кори Гембл (45).

Имено, иако помлад цели 25 години, според обожавателите на социјалните мрежи, Кори изгледа постар од „мама“ Џенер, а причината за тоа се нејзините естетски кореции вредни 100.000 долари.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Откако беше објавена фотографија од раскошната божиќна забава на семејството Кардашијан-Џенер, интернетот беше преплавен со коментари.

– Сега е Кори постар од неа! – напиша еден корисник, додека други ја вклучија и нејзината 41-годишна ќерка Клое во дискусијата, додавајќи: Клое изгледа исто. Некои се пошегуваа и за сериозниот израз на лицето на Кори кој ретко може да се види насмеан.

Оваа празнична фотографија доаѓа само неколку дена откако Крис ги засени двете нејзини ќерки Клое и Кајли Џенер на заедничките фотографии, каде што изгледаше, како што велат нивните следбеници на социјалните мрежи, како да им е сестра.

Поврзани содржини