🎥 ЌЕРКАТА НА КАЈЛИ ЏЕНЕР ЈА ИНТЕРВЈУИРАШЕ МАЈКА СИ Осумгодишната Сторми прашуваше, четиригодишниот Ер се проѕеваше
Осумгодишната Сторми сама ги смислила прашањата за мајка си, а кога Кајли се обиде да ѝ постави едно прашање, девојчето остро ја потсети дека е тоа нејзино интервју.
Кајли Џенер последното интервју го претвори во семејна забава. Во видеото објавено на 30 август, на нејзиниот канал на Јутјуб, основачката на „Кајли козметикс“ седна пред камерата, но овојпат неа ја интервјуираа нејзините деца – осумгодишната Сторми и четиригодишниот Ер.
Видеото започна со Ер, кој го одбележа почетокот на интервјуто и ѝ се обрати на камерата: Здраво, јас сум Ер, добредојдовте во мојот филм.
Потоа децата заедно се претставија, а Сторми објасни дека ќе ѝ поставува прашања на мајка си. Кајли откри дека Сторми сама ги смислила сите прашања.
– Многу работа ми создаде и рече девојчето, воздивнувајќи и мавтајќи со розовите картички со прашања.
– Толку си слатка, не можам да издржам. Како толку порасна? Кога толку порасна? – ја праша Кајли својата ќерка.
Сторми потоа започна со прашањата, меѓу кои и тоа кој ѝ е омилениот емотикон на нејзината мајка и која храна би можела да ја јаде секој ден. Додека Кајли одговараше, Ер почнал да се проѕева.
– Извини, дали ти е досадно? – го праша Кајли.
– Да, пак зевав цел пат дотука – ѝ одговори Ер со насмевка.
Тогаш Кајли реши да ги смени улогите и ја праша Сторм која храна таа би можела да ја јаде секој ден.
Одговорот на осумгодишната девојка ја насмеа мајка ѝ:
– Девојко, ова се твои прашања, не мои.
– Добро, извини – низ смеа одговори Кајли.
Сторми ја праша мајка си што би ѝ кажала на својата десетгодишна јас.
– Би ѝ кажала само да продолжи да биде своја и дека еден ден ќе има речиси десетгодишно девојче, десет пати како тебе – одговори Кајли и ја предизвика насмевката на Сторми.
Осумгодишното девојче сакаше да дознае и дали „Лови“ некогаш ја казнила Кајли.
Кога мајка ѝ потврди дека тоа се случувало, Сторми веднаш праша зошто.
– Ќе ти кажам кога ќе бидеш малку поголема – ѝ одговори Кајли со насмевка кон камерата.
Меѓу останатите прашања беа и за тоа кој е најсмешниот член на семејството. Кајли го избра својот брат Роб Кардашијан, додека за најлош танчар ја посочи сестра ѝ Ким Кардашијан.
– Веројатно тетка ти Кики. Мислам дека би била во ред со тоа што го кажувам – се пошегува Кајли.
На прашањето за нејзината прва работа, Кајли откри дека работела како касиерка во продавницата на мајка си.
– Смуч? – праша Сторми.
– Смуч – потврди Кајли, мислејќи на продавницата за детска облека која Крис ја водеше со својата ќерка Кортни во Калабасас, Калифорнија.
Сторми сакаше да дознае и што најмногу сака мајка ѝ кај неа и Ер.
– Колку сте дружељубиви. Мислам дека многу лесно стекнувате пријатели… – одговори Кајли.
– Јас не стекнувам лесно пријатели – ја прекина Сторми.
– Јас велам: Ве молам, може ли да ми бидете пријатели? и тие велат: Во ред.
Кајли не се согласила со неа.
– Не мислам така. Кога те оставам на училиште, сите девојчиња трчаат кон тебе и велат: Стормі е тука! Многу лесно стекнуваш пријатели каде и да одиш, без разлика на нивната возраст или кои се. Посакувам и јас да бев таква на твоја возраст – ѝ рече Кајли.
За Ер, пак, реле дека најмногу го сака тоа што е многу смешен.
Кога дојде до прашањето која ѝ е омилена сестра, Кајли прво се обиде дипломатски да избегне избор.
– Не сакам да бирам омилена – ѝ рече на ќерка си.
Но Сторми веднаш имаше решение:
– А која ти е омилена денес?
– Омилена денес би била Кендал – одговори Кајли.
– Добро, тоа беа сите прашања – рече Сторми, фрлајќи ја последната картичка на подот.
– Одлично си заврши работа – ѝ рече Кајли.
– Толку си голема и совршена. Те сакам, благодарам што го направи ова со мене. Мојата најдобра пријателка – ѝ рече пред да ја прегрне и да ја бакне во образ.
Кајли ги има Сторми и Ер со својот поранешен партнер, раперот Тревис Скот.
Ѕвездата на „Кардашијанс“ неодамна откри и дека одлучила да нема повеќе деца во своите дваесетти години. Таа рекла дека по раѓањето на двете деца до 24-годишна возраст чувствувала дека пропуштила дел од своите млади години.
„На 25 години си ветив дека засега нема да имам повеќе деца и дека ќе уживам во последната половина од моите дваесетти. Првата половина бев бремена, потоа следуваше година на опоравување, мојата ментална состојба, постпородилната депресија и сето тоа. Се чувствував како да пропуштив дел од тие млади години од мојот живот – рече Кајли.