ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС ОДГОВОРИ НА ГЛАСИНИТЕ ЗА ЕСТЕТСКА ОПЕРАЦИЈА „Таа ми го направи тоа“

Американската актерка Џенифер Лоренс на шеговит начин одговори на гласините дека направила операција на очните капаци, поточно блефаропластика, откако претходно потврди дека ги оперирала градите.

0

Џенифер Лоренс духовито одговори на шпекулациите дека направила операција на очните капаци, откако нејзините фотографии повторно предизвикаа коментари за променетиот изглед на нејзиното лице.

Лоренс ја сподели објавата на шминкерката Шејн Голдберг, која ги покажа производите на брендот Mes Beauty, основан од славната актерка. Во пакетот со производите се наоѓа и промотивна фотографија од Лоренс, а Голдберг напиша:






– Многу е возбудливо да се види ова отпечатено. Ви благодарам што ми го испративте, @mesbeauty @jlaw @jaasmina.aganovic“.

Актерката ја сподели објавата на Голдберг и се пошегува дека токму таа ѝ го направила тоа – да изгледа како да направила естетска операција.

– Ако знаете, знаете – таа ми ја направи блефаропластиката – напиша Лоренс во објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @shaynagold

Станува збор за зафат при кој се отстранува вишокот кожа, а понекогаш и масно ткиво од очните капаци, со цел очите да изгледаат поотворени и помладешки.

Нејзината реакција доаѓа по новите коментари на социјалните мрежи, поттикнати од нејзиното неодамнешно фотографирање за списанието The Cut, и појавувањето на премиерата на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во Њујорк. Дел од корисниците шпекулираа дека актерката направила операција на горните очни капаци, но таа со шегата јасно стави до знаење дека заслугата за нејзиниот изглед ѝ ја припишува на шминката.

Ова не е првпат 36-годишната оскаровка да ги демантира гласините за естетски зафати на лицето.

Таа објасни и дека нејзиното лице природно се променило со годините, откако пораснала, изгубила дел од бебешката тежина и ѝ се намалиле образите. Поради споредбите со фотографии од нејзините тинејџерски години, многумина погрешно заклучувале дека направила и операција на носот.

Сепак, Лоренс никогаш не криела дека имала одредени естетски интервенции. Неодамна откри дека по раѓањето на вториот син направила зафат на градите, а во интервју за емисијата „Watch What Happens Live“ потврди дека има и нови импланти. Таа објасни дека ги вратила на големината што ја имала пред бременоста, односно на полна кошарка Ц.

Актерката зборувала и за ботокс, кој го користи умерено, додека филери избегнува бидејќи, според неа, можат да изгледаат неприродно пред камерите.

Поврзани содржини