ЛЕГЕНДАРНИОТ МУЗИЧАР ОТКРИ ДЕКА ИМА РАК НА БЕЛИ ДРОБОВИ Бери Манилоу сподели на Инстаграм вести за својата здравствена состојба, но и оптимизам

Легендарниот музичар, и покрај тоа што му е дијагностициран рак на белите дробови, не губи надеж, туку е позитивен, со оглед на тоа дека нема да треба да помине низ хемотерапија и зрачење.

127

Легендарниот музичар Бери Манилоу, познат по својот незаборавен хит „Копакабана“, објави дека му е дијагностициран рак на белите дробови на 82-годишна возраст.

Тој ја сподели оваа тешка вест со обожавателите преку Инстаграм, откривајќи дека дијагнозата дошла по долгата борба со бронхитис.






Во својата објава, Манилоу прво ги спомена неодамнешните добротворни концерти.

– Завршивме пет прекрасни божиќни концерти во театарот Мекалум во Палм Дезерт. Ова беше седми пат како ги организираме овие добротворни настапи и успеавме да собереме милиони долари за непрофитни организации низ долината Коачела.

Ви благодариме на сите што купивте билети и ги поддржавте овие прекрасни акции – напиша Манилоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barry Manilow (@barrymanilowofficial)

Потоа откри дека неодамна преболел шестнеделен бронхитис, кој подоцна се вратил и траел уште пет недели.

Иако се опоравил и се вратил на сцената, неговиот лекар го испратил на магнетна резонанца како превентивна мерка.

– Иако се опоравив од бронхитис и ги продолжив моите настапи во Вестгејт Лас Вегас, мојот матичен лекар нареди магнетна резонанца само за да се увери дека сè е во ред.

За жал, магнетната резонанца откри канцерогена дамка на мојот лев бел дроб кое треба да се отстрани.

За среќа, благодарение на брзата реакција и на мојот фантастичен доктор, туморот беше откриен рано, што е многу добра вест – напиша тој.

Да се потсетиме на најпознатиот хит на Манилоу, Копакабана:

 

Поврзани содржини