📽️ ФУТУРИСТИЧКА ОАЗА НА ЛУКСУЗ ОД 112 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Објавен планот на Трамп за обновена Газа

Соединетите Американски Држави би биле финансиското „сидро“, обезбедувајќи околу 20% од парите, главно преку грантови и гаранции за долгови, додека остатокот би дошол од меѓународни донатори и финансиски институции како Светската банка.

285

Луксузни одморалишта покрај море, брза железница и паметни енергетски мрежи управувани од вештачка интелигенција… Вака би требало да изгледа Газа во планот наречен „Проект Санрајз“ (Project Sunrise) кој администрацијата на Трамп им го нуди на странските влади и инвеститори како план за повоена реконструкција на разурнатата енклава.

Според американските претставници, планот е изготвен во изминатите 45 дена од Џаред Кушнер, зет на Трамп, и Стив Виткоф, претставник за Блискиот Исток, со учество на други високи функционери на Белата куќа.






Целта е Газа да се претвори од област погодена од војна и сиромаштија во модерна крајбрежна метропола, пишува „Волстрит џурнал“.

Станува збор за PowerPoint презентација од 32 страници исполнета со визуелни прикази на футуристички облакодери, инфраструктурни проекти и финансиски проценки.

Документот, сепак, не ги наведува конкретните земји или компании кои би ја финансирале реконструкцијата, ниту пак прецизира каде би живееле приближно двата милиони раселени Палестинци за време на повеќегодишните работи.

Американските претставници велат дека веќе го презентирале нацртот на потенцијални донатори, вклучувајќи ги богатите земји од Персискиот Залив, Турција и Египет. Но, во самата администрација, постојат сериозни сомнежи за изводливоста на планот, првенствено поради неизвесноста дали Хамас ќе се согласи да го заврши разоружувањето, што е клучен предуслов за почеток на реконструкцијата.

Според нацртот, проектот би чинел вкупно 112,1 милијарди долари во текот на 10 години, вклучувајќи хуманитарна помош и плати во јавниот сектор. Соединетите Американски Држави би биле финансиското „сидро“, обезбедувајќи околу 20% од парите, главно преку грантови и гаранции за долгови, додека остатокот би дошол од меѓународни донатори и финансиски институции како Светската банка.

Планот предвидува реконструкцијата да се спроведе во четири фази, почнувајќи од југот на Газа – Рафа и Кан Јунис – а потоа постепено кон север. Првите години би биле посветени на отстранување на урнатини, неексплодирани убојни средства и тунели на Хамас, додека се обезбедува привремено сместување, теренски болници и основна инфраструктура. Изградбата на постојани станбени згради, училишта, болници и сообраќајни центри би следела дури во подоцнежните фази.

Еден од централните проекти е „Нова Рафа“, замислен како административен центар на Газа со повеќе од 500.000 жители, десетици илјади станбени единици, училишта, медицински установи и верски објекти.

На долг рок, планот се потпира на комерцијална експлоатација на брегот на Газа, со проценки дека туристичката „ривиера“ би можела да генерира повеќе од 55 милијарди долари поврат на инвестициите во втората деценија од имплементацијата.

Сепак, пречките се огромни. По години војна, илјадници тела се уште се под урнатините, почвата е контаминирана, а безбедносната ситуација е нестабилна. Самиот документ признава дека реконструкцијата зависи од „демилитаризацијата и декомуницирањето на сите оружја и тунели“ од страна на Хамас.

Поврзани содржини