🎥 ЕРДОГАН ГО ОСУДИ ИЗРАЕЛ ЗА ГАЗА, ЛУТИТЕ ИЗРАЕЛЦИ СТАНАА И СИ ОТИДОА Жестоки обвинувања за геноцид и за воени злосторства
Се соочуваме со геноциден менталитет кој никогаш не може да се насити од убивање. Никој со човечност, милост или совест не треба да затвора очи пред ова, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди акциите на Израел во Газа и окупираниот Западен Брег во силен говор пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој рече дека ОН не ја исполнила својата обврска за одржување на мирот и безбедноста.
Додека Ердоган зборуваше за „воените злосторства што продолжуваат во Газа“ а палестинските претставници го поздрауваа со аплауз, делегацијата на Израел стана и ја напушти салата.
Israeli Delegation earlier today left the @UN General Assembly during the speech of Erdogan. pic.twitter.com/zRQbffq4i0
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) September 22, 2026
– Со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп ние придонесовме за воспоставување прекин на огнот. Но, и покрај овој таканаречен прекин на огнот, повеќе од 1.300 цивили се убиени во Газа – рече Ердоган.
Тој нагласи дека Израел не ги запира операциите во Газа, иако Хамас и другите палестински групи ја прифатија втората фаза од октомврискиот договор за прекин на огнот.
Предупреди дека „Западниот Брег поминува низ најтешкиот период бидејќи нелегалните израелски доселеници го окупираат регионот“.
Тој ја опиша Газа како „најнехуманиот и најсрамниот концентрационен логор на нашето време“.
– Се соочуваме со геноциден менталитет кој никогаш не може да се насити од убивање. Никој со човечност, милост или совест не треба да затвора очи пред ова – додаде тој.