КИСЕЛА ВОДА ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ Пречистувачи во градинките и во сите училишта

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ја посети градинката „Синоличка“ при ЈДГ „Весели цветови“, една од градинките каде што веќе се поставени пречистувачи.

73

Во градинките во Кисела Вода се поставуваат пречистувачи за воздух, соопшти општината.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ја посети градинката „Синоличка“ при ЈДГ „Весели цветови“, една од градинките каде што веќе се поставени пречистувачи.






„При посетата, таа разговараше со вработените за значењето на оваа мерка, која директно придонесува за подобрување на условите за престој, како и за заштита на здравјето и благосостојбата на најмладите. Пречистувачи за воздух се поставени и во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, како и во ПОУ „Кузман Јосифовски – Питу“. Оваа активност е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за создавање почиста и поздрава животна средина, особено во објектите каде што секојдневно престојуваат деца и млади“, соопшти општината.

Општината потсети дека пречистувачи за воздух се поставени и во сите училници во сите основни училишта, како и во поголемите паркови, со цел да се подобрат условите за престој и секојдневно функционирање на граѓаните.

– Грижата за здравјето на нашите најмлади е еден од нашите највисоки приоритети. Со поставувањето на пречистувачи за воздух во градинките, училиштата и спортските објекти, создаваме поздрави услови за престој и развој на децата. Ова е дел од стрстегијата на Општина Кисела Вода за почиста животна средина и за подобар квалитет на живот за сите наши сограѓани, заложба од која нема да отстапиме – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Поврзани содржини