ВО ГЕВГЕЛИСКО ОТКРИЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МАРИХУАНА Уапсени се две лица

На А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица, одредена им е мерка притвор.

236

Во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија завчера ги уапсија А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување и обработка на марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

Поврзани содржини