АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ЈА ОТКРИ ЛУЗНАТА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА МАСТЕКТОМИЈА Американската ѕвезда на насловната на првото француско издание на Тајм

Американската актерка Анџелина Џоли ги откри лузните од двојната мастектомија на насловната страница на првиот број на француското издание на магазинот „Тајм“, новото издание на познатиот американски магазин, кое беше лансирано оваа недела.

2,232

Во ексклузивнo интервју за TIME France, американската ѕвезда Анџелина Џоли одлучи да ја открие лузната од нејзината превентивна мастектомија, извршена во 2013 година.

Нејзината цел е да ја подигне свеста за раното откривање на ракот на дојка – најчестиот вид рак кај жените ширум светот и водечка причина за смрт од рак кај женската популација.






Кога истата таа 2013 година Анџелина Џоли ја откри својата мастектомија на светот, тоа доведе до зголемување на скринингот во Франција за 20%, што е невидено влијание познато како „Анџелина ефект“.

– Ги споделувам овие лузни со многу жени кои ги сакам. И секогаш сум трогната кога ќе видам други жени како ги споделуваат своите – изјави холивудската актерка, позната по својот хуманитарен ангажман.

Таа ја краси насловната страница и се појавува во списанието, кое во Франција ќе биде достапно од четврток.

Повод за ова интервју е и главната улога на Џоли во филмот „Coutures“ во режија на ФранцузинкатаАлис Винокур, кој ќе се прикажува во кината од 18 февруари, а кој на одреден начин ја одразува и личната приказна на актерката.

Покрај мастектомијата, Џоли во 2015 година се подложи и на отстранување на двата јајника со цел да го намали високиот ризик од рак, бидејќи е носител на генетската предиспозиција BRCA1. Нејзината одлука помогна значително да се подигне свеста за превенцијата од рак на дојка и јајници и охрабри многу жени да се тестираат.

– Кога во 2013 година го споделив моето искуство, тоа беше со цел да ги искористат информациите што ги имаат и да направат избор. Пристапот до прегледи и здравствена нега не треба да зависи од финансиските можности или од местото на живеење – додаде актерката.

Анџелина Џоли е и основач на организациите „Деца кои имаат потреба од заштита“, „Фондацијата Медокс“ и „Ателје Џоли“, а повеќе од две децении беше специјална пратеничка на УНХЦР. За магазинот „Тајм“ зборуваше и за својата континуирана посветеност на ранливите заедници ширум светот.

Во интервјуто таа ја сподели својата визија за хуманитарната помош и активностите што, според неа, треба да се спроведуваат на терен и кои мора да бидат поддржани од локалните лидери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIME (@timefrance)

Првото меѓународно издание на „TIME France“, има за цел да биде мост помеѓу Европа и светот.

– Преку нашето интервју со Анџелина Џоли, списанието презема мерки за подигање на свеста за превенција од рак на дојка. Речиси 20.000 видови на рак би можеле да се спречат секоја година во Франција преку редовни скрининзи – пишува Тајм.

 

Поврзани содржини