Светот вложува во минерали, а ние?
Oна што најмногу ме загрижуваше околу нашето македонско рудно богатство е како одредени политичари кои се претставува како екологисти си даваа за право да коментираат дека граѓаните во Mакедонија и во Србија не сакаат злато и литиум.
Новите геостратешки односи, кога се во прашање минералите, пред сѐ ретките метали на светско ниво и стратешките метали на европско ниво од нас бара сериозен пристап кон овие тенеденции зашто сѐ поочигледно е дека светот се дели на основа на употреба на метали пред сѐ во цивилната и во воената инфраструктура, вештачката интелигенција и пошироките сегменти на глобалните сегменти на снабдување.
Очигледно е дека американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да зависи од еден извор на снабдување и дека таквиот начин го смета за стратешка закана за неговата земја и за нејзините партнери и затоа презеде иницијатива за создавање коалиција против доминацијата на Кина во светот на ретки и стратешки метали. Но, има еден мал проблем. Дали партнерите на САД, Јапонија и Австралија ќе ги почитуваат сите закони за заштита на животната средина при експлоатација на металите? Нормално, да. Но, дали Кина ги има почитувано овие нормативи при геолошките истражувања и почетните експлоататорски технички режими? Нормално, не.
Одговорот е едноставен. Затоа се во огромна предност во моментов. Дали тоа ќе биде вечно? Нормално, не. Ќе следуваат санкции, царини, забрани за увоз на производи од Кина итн.
Во исто време не седат мирни ниту Кинезите. Го пронајдоа најбогатото наоѓалиште на злато. Неверојатни, високо рудно сконцентрирани 1.000 тони злато.
И Европа има со што да се пофали. Иако многумина ја потценуваат во моментов сепак Европската Унија има создадено јасна стратегија за експлоатација на стратешките метали бакар, злато и литиум и нормално ретките метали. Патем една нивна европска членка која е и основач на самата Унија заедно со своите источни соседи имаат намера да вложат засега официјално 400 милијарди евра во воената индустрија во наредните неколку години, но тоа е секогаш проследено и со цивилниот сектор. Јас лично никогаш не би ја потценил „Старата дама“, Европската Унија.
Но, да не ги заборавиме и Русите. Очигледен е нивниот договор за Украина во смисла на минералните богатства. Русија, апсолутно нема намера да се повлече од тоа што го има освоено колку и тоа да звучи тажно од аспект на човечки животи, ама секогаш оди со насоката Русија е пред сите поединци.
Сепак, мора да се знае. Кој ги поседува рудните богатства тој има контрола. За тоа како функционира системот за влијание најсилен пример ни е од најблиското соседство, примерот со НИС (Нафтена индустрија на Србија) кој е под контрола на Русите.
За тоа дали Србија ќе има нафта или не воопшто не станува збор. Што е загрижувачко, НИС има импакт од 10 проценти во буџетот на Србија, ама има само 20 проценти од бензинските пумпи. Проблемот за нив е вториот бран санкции. Тоа е во финансиска смисла итн.
Што е тоа што нас мора да нѐ замисли и да нѐ загрижи?
Србија и нејзината влада се спремни да го откупат управувачкиот пакет од Русите во вредност од скоро 5 милијарди евра. А, од каде пари? Имаат злато, а оваа сума е само една осмина од нивните количини кои ги контролира нивната Народна банка. Е од таму им се парите. И затоа се вознемирени ама не и вџашени да молат за милост.
А од каде злато? Па, еве еден извор, а има неколку. Од Рударско топилничкиот басен БОР. Цитирам од медиум од 3 август 2025 година: „Американската рударска корпорација Freeport-McMoRan и нивните партнери од канадската компанијата Reservoir Minerals го пронашле во околината на Бор едно од најголемите лежишта на злато и бакар во светот. Откриена е речиси неверојатна содржина од 25,7 отсто бакар и 50,3 грама злато по тон руда. Според досега истражените наоѓалишта, најбогата содржина е пронајдена во рудникот Холиестер во Америка, каде се извлекуваат 27,2 грама злато по тон руда.“
И она што најмногу ме загрижуваше околу нашето македонско рудно богатство е како одредени политичари кои се претставува како екологисти си даваа за право да коментираат дека граѓаните во Mакедонија и во Србија не сакаат злато и литиум. Одговор на ова прашање даде поранешната министерка за енергетика во Србија г-ѓа Михајловиќ кога пренесе информација дека НИС финансирал разни еколошки друштва (невладини организации) за да протестираат ширум Србија против рудниците како Бор за бакар и злато и рудникот за литиум во Лозница, за да може во иднина да ги земат по многу мала цена Русија и Кина.
И сега се поставува прашање за Македонија: Зошто најголемиот експерт (за мене самопрогласен) за рудни богатства по ново акдемик Блажо Боев упорно тврди дека Бучим е рудник само за бакар, а во минатото г-динот Чифлиганец има монографија со потврда дека делел 13 плата со прачки злато стопено во Бор и ја отворил фирмата Голд Мак за накит од злато и дијаманти со првиот претседател. А, самиот академик точно знае како се проверува концентрат на секој камион. Јас сум во дилема дали академикот е збунет или си вика „сега му е мајката“?
За прашањето од многумина кои се видни интелектуалци ама во други области: Како ќе го сочуваме металот во Македонија?
Во следната колумна.