ФУДБАЛЕР НА МАКЕДОНСКИ КЛУБ Е УБИЕН ВО ТЕРОРИСТИЧКОТ НАПАД ВО СИДНЕЈ Минатата година се преселил во Австралија

Убиениот Ден Елкајам е француски државјанин, а неговата смрт ја потврди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој изрази сочуство.

721

Фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден, 27-годишниот Ден Елкајам, е убиен во терористичкиот напад во Сиднеј на плажата Бонди во Сиднеј, објави клубот на социјалните мрежи.

„Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер Ден Елкајам е жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025 година. Ден беше интегрален член на нашиот тим, кој беше екстремно талентиран и популарна личност меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство за фамилијата на Ден, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе недостасува. Нека почива во мир“, обави клубот Рокдејл Илинден.






Нападот го извршија татко и син. Убија 15, а ранија 40 луѓе. На плажата Бонди за време на нападот се одржуваше настан по повод првиот ден од еврејската прослава на празникот Ханука. Нападот официјално е прогласен за терористички инцидент.

Елкајам е француски државјанин. Неговата смрт ја потврди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Со огромна тага дознавме дека нашиот сонародник Дан Елкајам е меѓу жртвите на терористичкиот напад што ги погоди еврејските семејства собрани на плажата Бонди во Сиднеј. Тагуваме со неговото семејство и најблиските, со еврејската заедница и австралискиот народ“, напиша министерот на социјалните мрежи.

Според неговиот профил на ЛинкедИн, Елкајам работел како ИТ аналитичар и се преселил во Австралија минатата година.

ќ

 

Поврзани содржини