ЕВРОПА ГО ТЕРА ВАШИНГТОН ДА ГАРАНТИРА БЕЗБЕДНОСТ ЗА УКРАИНА Лавров обвинува дека Западот ги игнорира интересите на Русија

Рускиот министер тврди дека европските сојузници вршат притисок врз САД за гаранции за Украина додека продолжуваат тешките мировни преговори.

0

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска ги обвини европските поддржувачи на Украина дека вршат притисок врз САД да дадат безбедносни гаранции на Киев, притоа целосно игнорирајќи ги безбедносните интереси на Русија.

Според агенцијата ДПА, Лавров се повикал на најновите извештаи од преговорите меѓу европски и американски претставници, нагласувајќи дека Европа се обидува да го натера Вашингтон да преземе дополнителни обврски кон Украина во рамки на мировниот процес.






Во моментов, украински претставници одржуваат разговори со делегации од САД и Европа со цел да се најде можен пат за ставање крај на речиси четиригодишната војна започната од Русија.

Клучна точка во преговорите е пакетот безбедносни гаранции што би му бил понуден на Киев во случај на мировен договор.

Од ноември наваму, по објавувањето на американскиот предлог со можната рамка за прекин на конфликтот, се одржаа неколку рунди разговори меѓу Вашингтон, Киев и европските партнери. Притоа беа разменети бројни амандмани и контрапредлози.

Дел од критичарите го нарекоа почетниот американски план, список на желби за Русија, сметајќи дека не нуди доволно гаранции за Украина.

Според РБЦ Украина, Киев својот официјален одговор на американските предлози го испратил до Вашингтон доцна синоќа.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, потврди дека во следните денови се очекуваат нови рунди преговори со европските партнери.

Поврзани содржини