УКРАИНА ГО ФИНАЛИЗИРА МИРОВНИОТ ПЛАН Зеленски најави скоро доставување на документот до САД

Киев и европските партнери ја финализираат заедничката мировна рамка, која во наредниот период ќе биде презентирана на САД, додека Зеленски ги коментира и изјавите на Трамп за изборите во Украина.

797

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина заедно со европските партнери наскоро ќе им достави на Соединетите Американски Држави финализирана верзија од мировниот план, по неколкудневни интензивни разговори.

Според него, политичкиот документ е веќе усогласен меѓу Киев и европските престолнини.






– Украинската и европската компонента сега се поразвиени и ние сме подготвени да им ги презентираме на нашите партнери во САД. Заедно со американската страна, очекуваме брзо да преземеме потенцијални чекори што е можно поизводливи – вели Зеленски.

Тој додаде дека Украина останува посветена на вистински мир и дека иднината на процесот зависи од тоа „дали Русија е подготвена да преземе ефикасни чекори за да го запре крвопролевањето и да спречи повторно појавување на војна“.

Зеленски се осврна и на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Политико, каде Трамп рече дека украинската влада ја користи војната за да не одржи избори. На тоа, украинскиот претседател порача дека нема дилема околу неговата подготвеност за изборен процес.

– Секогаш сум подготвен за избори – изјави Зеленски за италијанските медиуми, додавајќи го коментарот по неговиот состанок со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

По средбата со Мелони, тој истакна дека имале одличен и многу значаен разговор за текот на војната и за идните чекори кон мир.

– Ја цениме активната улога на Италија во креирањето конкретни идеи и дефинирањето чекори што можат да нè доближат до мирот – порача украинскиот претседател.

Поврзани содржини