УКРАИНСКИТЕ ПРЕГОВАРАЧИ НА ПАТ ЗА ФЛОРИДА „За танго се потребни двајца“
Амеиканскиот претседател оцени дека состанокот на неговиот претставник Виткоф во Моксва бил „релативно добар“, но не знае што ќе следува „зашто за танго се потребни двајца“. Два дена по состанокот украинска делегација ќе се сретне соВиткоф во Флорида.
Украинските преговарачи пристигнуваат во САД за нов круг консултации со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, два дена по неуспешните разговори во Москва. Средбата ќе се одржи во Флорида, потврди Белата куќа.
Претходно, на разговорите во Москва меѓу Виткоф и рускиот лидер Владимир Путин не беше постигнат компромис за Украина, а Москва соопшти дека не прифатила делови од американскиот мировен план.
Амеиканскиот претседател Доналд Трамп оцени дека состанокот бил „релативно добар“, но не знае што ќе следува „зашто за танго се потребни двајца“.
– Имам впечаток дека Путин сака договор, но не е јасно што ќе се случува сега – изјави Трамп.
Министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибиха го обвини рускиот претседател дека „го троши времето на светот“, додека советникот на рускиот претседател, Јури Ушаков, призна дека „некои американски формулации се прифатливи, но други не“.
Клучните несогласувања меѓу двете страни се однесуваат на територијалните отстапки и безбедносните гаранции за Украина.
Според американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио, најгорливиот проблем се 30 до 50 километри територијата во Доњецк, односно регионот Донбас.
Според Кремљ, најконтроверзната точка е можноста Украина да стане членка на НАТО, на што Русија остро се противи.
Притоа, Ушаков оцени дека руската позиција е засилена по последните успеси на фронтот. Русија тврди дека зазела неколку источни градови, што Киев негира. Според Институтот за проучување на војна, Москва во ноември контролирала 19,3% од украинската територија.
Кремљ кажа дека Путин е спремен да се сретне со Американците „онолку пати колку што е потребно“.
Во претходни изјави, Путин прво рече дека би потпишал дека нема да ја нападне Европа. Во друга прилика рускиот претседател кажа дека Русија е спремна за војна со Европа ако Европа го сака тоа.