УКРАИНСКО ЦВЕКЛО И ЗЕЛКА НА TEШКАТА СРЕДБА ВО ФЛОРИДА На маса била поделбата на териториите
Мировниот план на Трамп предвидуваше во окупираните територии во Донбас да се формира руска демилитаризирана зона под контрола на Москва, но без присуство на воени сили. Извор од преговорите предупредил дека „идејата да се препушти контролата на Русија е неприфатлива“, бидејќи тоа би ја ослабело украинската одбрана и би ја зголемило опасноста од идни напади.
Со традиционални украински јадења од цвекло и зелка американската делегација пробала да им испрати компромис на Украинците на средбата во Мајами на Флорида, пишуваат американските медиуми. На маса било повлекувањето на Украина од Донбас.
– Би било прерано да кажеме дека сè е договорено, но најтешките делови од мировниот предлог (во Женева) беа детално разгледани – изјавил извор за средбата во приватниот клуб „Шел Беј“, сопственост на специјалниот пратеник Стив Виткоф, учествувале американскиот државен секретар Марко Рубио, Виткоф и Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
Донбас – демилитаризирана зона или замрзнат конфликт?
Трамповиот мировен план предвидуваше во окупираните територии во Донбас да се формира руска демилитаризирана зона под контрола на Москва, но без присуство на воени сили.
Извор од преговорите предупредил дека „идејата да се препушти контролата на Русија е неприфатлива“, бидејќи тоа би ја ослабело украинската одбрана и би ја зголемило опасноста од идни напади.
– Не е исклучено да се најдат креативни решенија што ќе ја зачуваат уставноста на Украина и ќе гарантираат нејзина безбедност – додал тој, одбивајќи да открие детали поради чувствителноста на темата.
Final Chapter:
‼️🇺🇦🇺🇸 First footage has appeared from the Ukraine–US talks in Miami.
The report says that before the meeting, Secretary of State Rubio made a formal statement. He emphasized that this is not just about a peace agreement, but about creating a path that will keep… pic.twitter.com/qnfX0wodnr
— Zlatti71 (@Zlatti_71) November 30, 2025
Украинската неутралност под лупа
Едно од најжешките прашања во американскиот мировен предлог со 28 точки била одредбата Украина да се откаже од својата уставна цел за влез во НАТО. Москва го бара тоа писмено, но Киев останува непопустлив.
Сега, сепак, се разгледува сценарио според кое Украина де факто би била оневозможена да се приклучи на Алијансата, преку билатерални договори меѓу Русија и одделни земји членки.
Изворот објаснил дека Украина нема формално да се откаже од таа амбиција, но дека одредени гаранции би се решавале „надвор од нејзиниот процес на одлучување“. Крајната одлука за таквиот компромис, кој може да предизвика отпор во дел од НАТО, ќе ја донесе украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По воведната дискусија во проширен формат, разговорите беа стеснети на тројца функционери од двете страни, каде што практично единствената тема беше – линијата на демаркација, наведува порталот.
Умреов и Виткоф, еден на еден
Од американска страна учествуваа Виткоф, американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот и зет на Трамп, Џаред Кушнер. Украинската делегација ја сочинуваа советникот за национална безбедност Рустем Умеров, началникот на Генералштабот, генерал Андриј Гнатов, и заменик-началникот на военото разузнавање Вадим Скибицки.
По завршувањето на главниот дел од преговорите, Умеров и Виткоф одржаа посебен состанок „еден на еден“, по што Умеров го информираше Зеленски, за резултатите од разговорите.
– Беше интензивно, но не и негативно. Навистина го цениме сериозниот ангажман на САД. Нашиот став е дека мора да направиме сè за да овозможиме успех на САД, без губење на територија и спречување на нова агресија – рече еден од украинските функционери.