ЗГРАДАТА НА „ВЈЕСНИК“ ДЕФИНИТИВНО ЌЕ СЕ УРИВА Премногу е оштетена од пожарот

Има обемни физички оштетувања на столбовите, а источниот дел од облакодерот е исто така многу оштетен – велат инженерите.

234

По проверката и мерењето на конструктивната состојба на облакодерот на „Вјесник“, по минатонеделниот пожар, во кој изгоре зградата, градежните инженери спрпорачуваат тој да се урне, пренесоа хрватските медиуми.

Потребно е да се продолжи со отстранување на облакодерот поради ризикот од уривање. Треба да се изготви проект за уривање, по што ќе започне процесот на јавна набавка, а потоа и уривањето – рече министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Бранко Бачиќ.






Министерот рече дека извештајот е исцрпен, дека сите сакаат да ѝ дадат шанса на зградата на „Вјесник“, но дека заклучоците на експертите говорат во прилог на нејзино отстранување.

– Облакодерот треба да се отстрани итно и што е можно побрзо. Сите мерења и сите инспекции укажуваат дека има сериозни штети. Има обемни физички оштетувања на столбовите, а источниот дел од облакодерот е исто така многу оштетен. Голата структура сега е подложена на дожд и снег, а сето ова може да влијае на ширењето на бетонот. Колку подолго стои таквата структура, толку е поголем ризикот од спонатно уривање на облакодерот – рече градежниот инженер Марио Урош.

Поврзани содржини