МЛАДИ ЛИЦА НА РАСПИТ ЗА ПОЖАРОТ ВО OБЛАКОДЕРОТ „ВЈЕСНИК“ Откажаните системи за гаснење придонеле огнот веднаш да се прошири

Младите лица не се третирани како осомничени, но полицијата располага со сознанија кои ги поврзуваат со местото на пожарот. Од друга страна, хрватски „Индекс“ пишува дека, според кажувањата на пожарникари, откажале системите за гаснење и противпожарна заштита, меѓу кои прскалките спринклери и системот за сектори­зација.

332

Неколку млади лица биле повикани на информативен разговор во хрватската полиција поради сомнение дека можат да се поврзат со можната подметната палеж на зградата „Вјесник“ во Загреб, јави Јутарњи лист.

Според изворите, тие не се третирани како осомничени, но полицијата располага со сознанија кои ги поврзуваат со местото на пожарот.






Хрватската полиција не сакала ниту да потврди ниту да демантира информации за разговорите, додека увидот на местото сè уште не започнал.

Поради тоа нема конкретни докази за причината — дали пожарот бил подметнат или станува збор за технички пропуст.

Притоа, „Индекс“ тврди дека, според кажувањата на пожарникари, откажале системите за гаснење и противпожарна заштита, меѓу кои прскалките спринклери и системот за сектори­зација.

Во статијата на „Индекс“ се вели дека мерките што требале да го задржат пожарот на катот каде што избил не функционирале. Во вакви услови, се тврди, огнот од 15. кат можел да се прошири вертикално и хоризонтално низ зградата, наместо да биде ограничен со заштитни бариери.

Понатаму, анализира хрватскиот медиум, истрагата треба да утврди зошто конструкцијата на објектот не го спречила брзото ширење на пламенот.

Хрватските експерти за безбедност укажуваат дека недостаток на редовно одржување и нефункционалниот системи за вентилација веројатно придонеле за катастрофата.

Поради огромните штети врз конструкцијата, зградата на „Вјесник“ можно е биде урната. Според првичните процени, уривање е поверојатното решение отколку реконструкција, но стручњаците ќе можат да дадат конечен суд дури кога ќе добијат дозвола да влезат во зградата.

Поврзани содржини